Понеделничка временска прогноза


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Последниот октомвриски понеделник за оваа година во Македонија носи сончево време со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.