Home Актуелно Трагедија на Елбрус: 5 планинари загинаа во ненадејно снежно невреме кое го зафати врвот

Трагедија на Елбрус: 5 планинари загинаа во ненадејно снежно невреме кое го зафати врвот

Пет планинари ги загубија животите откако биле фатени во ненадејно снежно невреме на највисокиот врв во Европа, Елбрус. Останатите 14 планинари од групата биле спасени во услови на силен ветер, мала видливост и температури од -20 Целзиусови степени.

Компанијата која го организирала искачувањето изјави дека со руските планинари биле и четворица професионални водичи. Една жена починала откако ѝ се слошило при искачувањето, но групата решила да продолжи.

Тие испратиле сигнал за помош вчера попладне, откако на симнувањето биле погодени од ужасно невреме на надморска височина од 5.000 метри, по што решиле да се поделат во три групи.

„На симнувањето, двајца планинари се смрзнале до смрт, но одлуката да се поделат била исправна. Да не направеле така, сигурно ќе имаше повеќе жртви. Уште двајца планинари починаа откако биле симнати долу“, изјави еден од водичите.

Елбрус, кој е висок 5.642 метри, се наоѓа во близина на границата со Грузија и е озлогласен по наглите промени на временските услови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…