Парче од свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата Дајана продадено за 1.850 фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Парче торта од свадбата на принцот Чарлс и Лејди Дајана Спенсер во 1981 година е продадено денеска на аукција за 1.850 фунти. Иако е во добра состојба, на сопственикот на парчето торта му било советувано да не го јаде.

Почетната цена на парчето торта стара 40 години со марципан и бела глазура украсена со кралскиот грб била од 300 до 500 фунти, но се продала за тројно повеќе од таа цената.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои сакаа да се натпреваруваат за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рече аукционерот Крис Албери и специјалист за кралски спомени во аукциската куќа „ Dominic Winter Auctioneers, “ во Сиренсестер, западна Англија.

„Имаше многу прашања од понудувачите, главно од Велика Британија, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, рече Албери.

Успешниот понудувач доаѓа од Лидс на северот од Англија, рече Албери. Тортата прво и била дадена на Мојра Смит, која работела за кралицата мајка во резиденцијата на Кларенс Хаус во центарот на Лондон.

По смртта на Мојра Смит, нејзиното семејство го продало парчето на приватен колекционер за 1.000 фунти на аукција во 2008 година.

„Изгледа дека е во иста, добра состојба како кога беше првично продадено, но ве советуваме да не го јадете“, рекоа аукционерите.