639 нови случаи на Ковид-19 и 6 смртни случаи во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изминатите 24 часа се регистрирани 639 новозаболени со ковид-19, починати се 6 лица, додека како оздравени се 22 пациенти, информира Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино, Крива Паланка , Виница и Демир Капија по еден.

Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 5, Тетово – 4, Гостивар – 2, Струмица, Битола и Кочани по еден.

Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75 и 76) и Тетово (53 и 77), по едно починато лице од Гостивар (58) и Битола (79). Сите починати лица се починати во болнички услови.