Home Вебкафе Фотка на денот од Арбнора Мемети: Херои од првата линија во битката со пламените јазици

Фотка на денот од Арбнора Мемети: Херои од првата линија во битката со пламените јазици

Тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.

Во Македонија во моментов активни се десетина пожари а најсериозна е состојбата токму во регионот на Делчево, но и на Пехчево и во општина Македонски Брод.

Покрај пожарникарите во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите преостанати расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Памела Андерсон го донесе пролетниот дух на црвениот тепих на Берлинале

Памела Андерсон го донесе пролетто на црвениот тепих на Берлинскиот филмски фестивал По ме…