Home Шоубизнис Трејлер за „Куќата на Гучи“ – филм посветен на убиството на Маурицио Гучи

Трејлер за „Куќата на Гучи“ – филм посветен на убиството на Маурицио Гучи

Странските медиуми и корисниците на социјалните мрежи не престануваат да го коментираат изгледот на Џаред Лето во „Куќата на Гучи“ после објавувањето на трејлерот за овој филмски хит во најава.

Лето во филмот глуми Паоло Гучи, кој своевремено беше потпретседател на компанијата „Гучи“.

Филмот на Ридли Скот, за кој многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година, се базира на вистинската приказна за Патриција Реџиани, која беше осудена за организирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен директор на модната куќа „Гучи“, Маурицио Гучи.

Патриција, која помина 16 години во затвор поради убиството, не е задоволно што во филмот ја глуми Леди Гага.

Патриција ја игра Леди Гага, а Маурицио Адам Драјвер. Покрај нив, во импресивната актерска екипа се и Ал Пачино, Џереми Ајронс и Селма Хајек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…