Home Шоубизнис Орден за заслуги за државата за Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов

Орден за заслуги за државата за Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов

Денес, во претседателската резиденција, македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе одликува четри личности со Орден за заслуги за државата.

Како што беше најавено, постхумно ќе бидат одликувани Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, а орден за заслуги ќе добие и првиот човек на „Алкалоид и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Тие ќе бидат одликувани за:

Горан Стефановски за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осовременувањето на книжевното културно наследство;

Зафир Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво;

Ремзи Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто;

Живко Мукаетов за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…