Home Шоубизнис ABC ја најави 18-та сезона од „Вовед во анатомија“

ABC ја најави 18-та сезона од „Вовед во анатомија“

ABC вели дека телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди и најави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона.

„Станица 19“, чија приказна се испреплетува со „Вовед во анатомија“, исто така, ќе се врати – со својата петта сезона.

– „Станица 19“ и „Вовед во анатомија“ завршија одлична работа во чест на нашите херои од вистинскиот живот, раскажувајќи ѝ ја на публиката една од најголемите лекарски приказни во нашето време, соопшти претседателот на „Хулу Оригиналс“ и „Еј-би-си“, Крег Ервиќ.

Според продукцијата, „Вовед во анатомија“ била омилена меѓу населението на возраст од 18-49 години во телевизиската сезона 2020/2021.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мајло Вентимиља би гостувал во „Тракер“ со Џастин Хартли, но само во вистинскиот момент

Мајло Вентимиља не ја исклучува можноста повторно да заигра со Џастин Хартли, овојпат во „…