Научниците тврдат: Осите не се бескорисни инсекти – тие се скапоцени за човекот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога некому ќе му спомнете оса или ќе слушне како зуе во негова близина, сигурно веднаш реагира со некоја аверзија кон овој инсект. И најчесто сите сметаат дека тие се бескорисни инсекти. Но, научниците сега дадоа сеопфатен одговор дали и колку се тие корисни.

Осите се незаситни предатори за штетните инсекти, произведуваат моќни антибиотици во нивниот отров, опрашуваат растенија и придонесуваат многу повеќе за балансот во нашата природна средина.

Студија спроведена пред неколку години покажа дека осите се способни за расудување и логика, додека новите истражувања пак, покажуваат дека осите се корисни и за човештвото, пишува „The Guardian“.

„Кога ќе им кажам на луѓето дека ги проучувам осите, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат никаква цел. Сепак, истражувањата покажуваат дека се многу корисни. Јасно е дека имаме различни емотивни врски со осите и пчелите, живееме со пчели во хармонија веќе подолго време, некои видови сме ги припитомиле, но врската помеѓу луѓето и осите е често непријатна бидејќи тие знаат да расипат излети и прават гнезда во нашите домови. Сепак, треба да ја надминеме негативната слика за осите и да ги заштитиме, бидејќи тие обезбедуваат заштита на животната средина на нашата планета. Нивниот број се намалува, а истото се случува и со пчелите… Светот не смее да си го дозволи тоа“, вели Серијан Самнер, професорка на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Осите можат да се користат за контрола и уништување на штетниците без потреба од употреба на инсектициди, тие се корисни за опрашување, а нивниот отров може да се користи во медицински истражувања за лекување на болести како рак.

Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашите екосистеми, и да направиме сè за нивната популација да не продолжи да опаѓа.

Самнер тврди дека осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 растителни видови, а 164 видови, вклучувајќи ги и орхидеите, кои се целосно зависни од осите кога станува збор за опрашување.