Home Шоубизнис Замина уште една легенда: Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Замина уште една легенда: Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Денес, на 67-годишна возраст, како последица од коронавирусот, почина едно од најславните музички имиња на Балканот, Ѓорѓе Балашевиќ.

Веста ја пренесе „Блиц“, а РТС наведува дека им била потврдена. За медиумите се јави и неговата ќерка Беба, која само кратко потврди дека Ѓорѓе Балашевиќ починал.

Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника во Белград пред три дена, каде се лекувал од пневмонија.

Лекарите ги презеле сите потребни мерки за лекување, но немало подобрување, пренесува весникот. Попладнево неговата состојба дополнително се влошила заради претходните хронични здравствени проблеми.

За жал, неколкучасовните напори на лекарите на КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68. роденден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …