Home Вебкафе Уапсени хакери кои украле криптовалути во вредност од 100 милиони долари

Уапсени хакери кои украле криптовалути во вредност од 100 милиони долари

Европол објави дека нивните служби биле дел од акција во која биле уапсени 10 хакери осомничени за кражба на 100 милиони долари криптовалути во хакерски напади на размена на СИМ (SIM-swapping), што им овозможи на осомничените да добијат пристап до телефоните на жртвите.

„Цел на нападот на оваа криминална група беа илјадници жртви во текот на 2020 година, вклучувајќи познати инфлуенсери, спортисти, музичари и нивните семејства“, се вели во соопштението на агенцијата.

Апсењата се извршени по истрагата во соработка со Велика Британија, САД, Белгија, Малта и Канада, соопшти Европол.

Во нападите за замена на СИМ картички, хакерите обично измамуваат телекомуникациска компанија да ја деактивираат СИМ картичката на корисникот и да пренесат функции на картичка, контролирана од хакери.

„Ова им овозможи на хакерите да украдат пари, криптовалути и лични податоци, вклучително и контакти синхронизирани со онлајн сметки“, рече Европол.

„Тие исто така хакирале сметки на социјалните мрежи со цел да објавуваат содржина и да испраќаат пораки, претставувајќи се како жртви“.

Европол не ги идентификуваше жртвите и не соопшти каде се случило апсењето. На јавноста и беше препорачано да не користи услуги што користат текстуални пораки за да се најават на онлајн сметки, бидејќи тоа го олеснува овој вид напад. Една од најпознатите жртви на нападот со замена на СИМ-картичката во минатото е извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, во 2019 година, потсетува британската агенција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…