Џеред Лето ќе биде новиот Џокер – еве како ќе изгледа во ликот на негативецот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Режисерот Зак Снајдер на неговиот Инстаграм профил објави фотографии од изгледот на новиот Џокер.

Ликот на негативецот ќе го толкува Џеред Лето, како и во Suicide Squad на Дејвид Ајер, но ќе има зелена залижана коса и тетоважи на лицето.

Да потсетиме, Снајдер се повлече од функцијата режисер на снимањето на „Justice League“ во 2017 година, поради расправија со раководството на „Warner Bros “, а сега „HBO Max“ му даде можност да направи своја верзија на тој филм што ќе го види светлото на денот на 18 март.

Според објавените фотографии, Џокер ќе има долга мрсна коса, препознатливо бело лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела кошула, што дефинитивно е новина.

„Трикот на таа сцена со Џокер е дека Џокер ќе разговара директно со Бетмен за Бетмен“, изјави Снајдер за Vanity Fair. „Џокер го анализира Бетмен кој е и што е, иако Џокер на Џеред Лето и Бетмен на Бен Афлек никогаш не се сретнале, што е неправда што ќе ја коригирам“, додаде тој.