Home Актуелно Езерото им го врати ѓубрето на охриѓани – кејот претворен во депонија

Езерото им го врати ѓубрето на охриѓани – кејот претворен во депонија

Надлежните комунални служби ги чистат купиштата отпад кои водите на Охридското Езеро ги исфрлија на кејот, соопшти деновиве Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Силниот ветер и брановите од езерото го преполнија кејот и крајбрежјето на Охрид со ѓубре.

„Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, најлон кеси, лименки и друго) што надојдените реки ги носат со себе, како и наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот“, велат од Јавното претрпијатие.

Тие најавуваат дека наредните денови ќе продолжат со исто темпо, со цел одржување на јавната чистота на градскиот кеј и пристаништето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…