Home Спорт Кил пресилен за Барселона – германскиот гигант е нов европски ракоментен шампион

Кил пресилен за Барселона – германскиот гигант е нов европски ракоментен шампион

Кил со импресивна изведба на теренот бескомпромисно ја покори Барселона со 33-28 во финалето на Лигата на шампионите, го презема тронот од Вардар и сега е нов европски ракометен шампион.

Барса беше најголем фаворит на фајнл-фор турнирот, беше непопедлива, 16 месеци немаа пораз до ова финале, но вчера вечерта, во најважниот меч, беа сопрени од Кил.

Европскиот трофеј се враќа во Германија, по пауза од осум години Кил повторно е шампион на Европа, момците на Филип Јиха синоќа одиграа фантастичен меч.

Првото полувреме беше неизвесно, Кил постојано водеше, но Барса се враќаше. На одморот се замина со предност на Германците од три гола разлика 19-16.

Во второто полувреме Кил константно ја одржуваше предноста од три до пет голови разлика, Ландин блескаше на голот на германскиот тим, Барселона не успеваше да се врати. На крајот Кил сосема заслужено дојде до триумф од 33-28 и освојување на големиот пехар.

Најефикасен во составот на Кил беше Екберг со осум голови, Сагосен постигна седум, Ландин беше еден од најзаслужните за победата, мечот го заврши со 14 одбрани. Гомез Абељо со 10 голови беше убедливо најдобриот кај Барселона, Перез де Варгас имаше десет одбрани.

Кил е нов европски шампион, Барселона го освои второто место, ПСЖ е трет по вчерашната победа над Веспрем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…