Home Шоубизнис Ќерката од Бијонсе и Џеј Зи номинирана за Греми награда

Ќерката од Бијонсе и Џеј Зи номинирана за Греми награда

Блу Ајви Картер, 8-годишната ќерка на славниот музички и шоубизнис пар Бијонсе и Џеј Зи, е номинирана за Греми награда за нејзината улога во песната „Brown Skin Girl“ која ја изведува заедно со мајка си и ВизКид.

„Brown Skin Girl“ многумина ја опишуваат како химна која ја слави природната убавина на темнокожите жени на сите генерации.

Номинацијата за Греми значи дека Блу Ајви, која во јануари ќе наполни 9 години, е една од најмладите номинирани уметници во историјата на доделување на познатите награди, наведува „Billboard“. Инаку, 63-то доделување на Греми ќе се одржи на 31 јануари 2021 година.

Сепак, за Блу Ајви наградите не се нешто ново – таа во јуни оваа година ја освои својата прва БЕТ награда за истата песна.

Исто така, 8-годишното девојче е нараторка на книги за деца и на краткиот анимиран филм со наслов „Hair Love“ кој раскажува приказна за темнокож татко кој ја учи својата ќерка како да ја обликува својата коса. Овој краток филм освои Оскар кон почетокот на годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …