Home Актуелно Тој е првиот човек на светот кој „тежи“ над 200 милијарди долари

Тој е првиот човек на светот кој „тежи“ над 200 милијарди долари

Форбс наведува дека, благодарение на двата проценти зголемување на вредноста на акциите на „Амазон“ оваа среда, богатството на ионака најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, се зголемило за 4,9 милијарди долари, со што тој стана првата личност во светот чие богатство надминува 200 милијарди долари.

Вредноста на неговите средства, пишува „Форбс“, во моментов е 204,6 милијарди американски долари и тој е за околу 90 милијарди долари побогат од Бил Гејтс (инаку втор најбогат човек во светот) чии средства се проценуваат на 116,1 милијарди долари.

Форбс пишува дека, дури и кога ќе се земе предвид инфлацијата, богатството на Безос е најголемото што некое лице кога било го поседувал . Најблиску до тоа дојде Бил Гејтс во времето кога Мајкрософт го достигна својот врв. Во 1999 година, богатството на Гејтс беше 100 милијарди долари, што е еквивалент на 158 милијарди американски долари денес.

Акциите на „Амазон“, водени од промената во навиките на потрошувачите поради пандемијата на коронавирус, пораснаа за дури 80 проценти од почетокот на оваа година, а со нив се зголеми и богатството на Безос, што во јануари изнесуваше „само“ 115 милијарди долари.

90 проценти од неговото богатство сочинуваат 11 проценти од неговиот удел во „Амазон“, а тој исто така е сопственик на „Вашингтон пост“, „Бла оригинал ерлајнс“ и некои други акции.

Форбс објавува дека Безос веројатно би бил уште побогат доколку не поминал низ најскапиот развод во историјата. Кога се разведе од неговата поранешна сопруга Мекензи Скот во јули минатата година, тој и даде 25% од уделот во Amazon. Денес тоа вреди 63 милијарди долари.

Дури и откако донирал 1,7 милијарди американски долари за добротворни цели, Мекензи е 14-та најбогата личност во светот и втора најбогата жена во светот (прва е наследничката на L’Oreal ,Франсоа Бетанкур Маверс).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …