Home Наука и техонологија Aston Martin од 950.000 евра – еве во што е „цаката“

Aston Martin од 950.000 евра – еве во што е „цаката“

Британската компанија „Bell Sport & Classic“ во понудата има уникатен примерок на автомобил кој е производ на соработката на Aston Martin и Zagato.

Овој Aston Martin „V12“ Zagato е претставен во мај 2011 година, а овој автомобил бил во сопственост на Aston Martin до 2016 година и е користен за презентации на одредени клиенти. Тој е еден од вкупно 64 модели чија каросерија е целосно направена од алуминиум.

Автомобилот дополнително добил зелена боја, поточна британска тркачка земена и таа е веќе подолго време заштитен знак на британските тркачки автомобили.

Овој примерок во себе има 6.0 литарски „V12“ мотор кој развива повеќе од 517 коњски сили, а неговата цена е неверојатни 950.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…