Home Наука и техонологија Во склад со правилото за социјална дистанца: Групно селфи без ниту еден човек до вас

Во склад со правилото за социјална дистанца: Групно селфи без ниту еден човек до вас

Технолошкиот гигант Apple патентираше апликација која на корисниците им овозможува да креираат „синтетички групни фотографии“.

Наскоро би можело да постои опција да се креираат групни селфиња иако покрај вас нема луѓе. Според информациите од патентот на Apple, новата апликација би овозможила на други луѓе да станат дел од групното селфи на корисникот, а учесниците на одговарачки начин би биле поставени во фотографијата.

Во патентот исто така е опишан прозорец кој се појавува на уредот од повиканиот корисник кој би овозможил учество во групно селфи доколку повикот е прифатен.

Пријава за овој патент е поднесена уште во 2018, а неодамна и е одобрен на компанијата Apple. Секако, не постои гаранција дека идејата ќе биде имплементирана во конкретна апликација, но претставува интересен концепт за иднината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…