Home Спорт Алварез: „Роналдињо ми го даде дресот и ме молеше да не го удирам повеќе“

Алварез: „Роналдињо ми го даде дресот и ме молеше да не го удирам повеќе“

Бившиот играч на Катанија, Пабло Алварез, потсети на мечот против Милан кога во дресот на италијанскиот гигант настапуваше легендата Роналдињо. Аргентинскиот дефанзивец беше задолжен да го чува Роналдињо.

Стравувајќи се дека ќе биде понижен, Алварез се одлучил за агресивен пристап, кој легендарниот Бразилец не можеше да го издржи, па го замолил својот противник да не го удира повеќе.

„Кога заврши првото полувреме на натпреварот Милан – Катанија на Сан Сиро, се приближувавме кон тунелот, тој ми пријде, го соблече дресот и ми рече: Земи го, Алварез. Само не ме удирај повеќе”, изјави поранешниот играч на Бока Јуниорс.

„Тој ми го даде дресот, невозможно беше да го одбијам. Се чинеше како да лета. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата”, додаде тој.

Роналдињо играше во Серија А три години, за кое време успеа да го освои Скудетото во 2011. година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Промени во актерската екипа на „Бриџертон“ сезона 5: Големо заминување, многу враќања и главна улога сведена на камео

Се очекува петтата сезона на „Бриџертон“ да дебитира следната година, а ние ги имаме сите …