Home Спорт Меси: ТОЈ е феномен, најдобриот напаѓач кој сум го видел во животот

Меси: ТОЈ е феномен, најдобриот напаѓач кој сум го видел во животот

Во интервју за TyC Sports фудбалскиот ас Лионел Меси, меѓу другото, говореше за тоа колку се восхитува на легендарниот бразилски фудбалер, напаѓачот Луис Назарио де Лима Роналдо.

„Оригиналниот“ Роналдо (како што многумина го нарекуваат) за време на својата фудбалска кариера постигна 34 гола на 37 натпревари во шпанската прва лига и се смета за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

Роналдо беше феномен. Од сите напаѓачи кои сум ги видел во животот, тој беше најдобар. Импресивен играч од секој аспект“, беше јасен и конкретен Меси.

Меси никогаш немаше прилика да се сретне со Роналдо на фудбалските терени, бидејќи Бразилецот беше во Коринтианс на залезот од неговата кариера, додека Аргентинецот ги имаше своите почетоци во Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…