Home Спорт Фантастична вечер за Елмас – со одлична игра ја „реши“ Словенија во Скопје

Фантастична вечер за Елмас – со одлична игра ја „реши“ Словенија во Скопје

Вчера вечер Македонија одигра одличен натпревар на арената „Тодор Проески“ и ја совлада Словенија со 2:1.

Ова беше и тоа како важен натпревар за избраниците на Игор Ангеловски. После овој триумф се изедначивме со Словенија на третата позиција со по 11 бодови.

Во првото полувреме видовме тврда игра со по некоја шанса и на двете страни. Во самиот финиш ни беше поништен и еден гол. Бобан Николов беше најблиску до Облак, па главниот судија иако не влијаеше на акцијата се одлучи да го поништи овој погодок.

Ако голот беше неправедно поништен, правдата беше задоволена на самиот старт од вториот дел кога Елмас погоди за 1:0.

И после голот ние прикажавме многу подобра игра, а таква игра беше крунисана и со втор гол во 68-та минута и тој гол повторно беше дело на Елмас.

Во самиот финиш Словенија гол постигна преку Иличиќ со удар од белата точка. Пеналот го направи Ѓоко Зајков.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…