Home Спорт Првите пораки по смртта на ќерката на Енрике пристигнаа од Меси, Суарез и Пике

Првите пораки по смртта на ќерката на Енрике пристигнаа од Меси, Суарез и Пике

Спортскиот свет е во тага и неверување од трагедијата што му се случи на поранешниот шпански селектор Луис Енрике.

Енрике пред неколку месеци на изненадување на сите си даде отказ од селекторското место во репрезентацијата на Шпанија и никој не ја знаеше причината.

Тој призна дека има приватни проблеми и дека не е во состојба да се занимава со тренерската работа. Синоќа сите работи станаа јасни кога Енрике на Твитер ја објави тажната вест дека починала неговата ќерка.

Шана пет месеци беше тешко болна и водеше битка со ракот на коската. Но, за жал не успеа да излезе како победник. После овие трагични вести се огласија многу познати личности, а меѓу првите кои тоа го направија се Лео Меси, Суарез и Пике, кои Енрике своевремено ги тренираше.

„Мое сочувство до Луис Енрике и неговото семејство во овие тешки моменти. Со вас сме, господине, сакаме да бидете силни.“ – порача Меси на Инстаграм.

„Тренеру, навистина ми е жал. Почивај во мир, Шана.“ – напиша Пике, а Суарез објави: „Ова се многу тажни и болни моменти. Почивај во мир Шанита, посакувам целото семејство да биде силно.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …