Home Вебкафе Марко го започна пливачкиот подвиг од 64 километри за децата со ретки болести

Марко го започна пливачкиот подвиг од 64 километри за децата со ретки болести

13-годишниот охридски и македонски спортски и хуманитарен херој, Марко Пејчиновски, денеска во 15 часот, од градското пристаниште во Охрид, го започна својот нов подвиг – пливачки ултра маратон долг 64 километри, од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Пливачкиот маратонски подвиг кој Марко го започна попладнево во 15 часот, предвидено е да заврши утревечер на истото место.

Со цел да се соберат средства за лицата со ретки болести, изработени се маички во бела и црна боја што ќе се продаваат по цена од 300 денари утре на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот.

Инаку, лани Марко го преплива Охридско Езеро за девет часа со што стана најмладиот пливач кој ја препливал таа рута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…