Home Шоубизнис Го препознавате кој е?

Го препознавате кој е?

Еден од најомилените холивудски актери на нашето време, Кијану Ривс, ги збуни своите обожаватели со новиот имиџ. 54-годишниот актер моментално го снима филмот „Bill & Ted Face The Music“ и неговиот изглед е прилагоден на потребите за улогата која ја толкува.

Човекот кој ретко може да се види во јавност без кошула и коса до рамена, сега избричи дел од својата глава и пушти брада, па многумина коментираа дека актерот го сменил својот имиџ до непрепознатливост.

Уште не се знае дали Ривс имиџот го сменил само за филмските потреби или ќе го задржи и после снимањето на новиот филм.

Во секој случај, пораките кои му ги испраќаат неговите верни обожаватели, а ги има буквално цела армија на сите страни од светот, велат дека ако него му е ќеф да тера таков имиџ, тие се задоволни со тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Елисон Холкер му оддаде почит на покојниот Стивен „tWitch“ Бос на неговиот роденден

Елисон Холкер го слави животот на нејзиниот покоен сопруг, Стивен „tWitch“ Бос, на денот к…