Home Шоубизнис Неговата мајка почина како милијардерка, тој нема да добие ни скршена пара

Неговата мајка почина како милијардерка, тој нема да добие ни скршена пара

Синот на неодамна починатата милијардерка и еден од култните женски ликови од западниот шоубизнис, Глорија Вандербилт, познатиот водител и новинар на CNN, Купер Андерсон, нема да наследи ниту долар од милијардите на неговата мајка.

Андерсон вели дека воопшто не му пречи зашто родителите уште како мал му рекле дека нема да му остават никакво наследство.

„Мислам дека родителите сакаа да ми кажат дека растев со големи привилегии и што можев да одам на колеџ без студентски кредити , но ми ставија до знаење дека до мене е да си зарабоитувам за живот”, рече Купер, кој во понеделникот објави дека неговата мајка почина на 95-годишна возраст.

„Секогаш почитував што моите родители така постапуваа. Гледав луѓе кои наследуваа пари, а не постигнаа многу самите. Парите ги сменија. Секогаш мислев дека мора сам да се погрижам за себеси и мило ми е за тоа.”

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кортни Кардашијан призна дека со Тревис Баркер не внимаваат да избегнат нова бременост

Кортни Кардашијан откри дека секој месец помислува оти е бремена и навести дека со сопруго…