Тотенхем се вклучи во трката за Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.

Многу европски гиганти се заинтересирани за Елмас, а последните информации од Турција говорат дека Тотенхем се вклучил во трката за македонскиот репрезентативец.

Елмас имаше солидна сезона со Фенербахче, за кој одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, па со неговите одлични настапи привлече интерес на европските гиганти.

Претходно за Елмас интерес покажаа и Интер, Милан, Борусија Дортмунд, Наполи, Севиља, Фиорентина, но Тотенхем излезе со најконкретна понуда.

Анлискиот тим понуди 19 милиони евра и дополнително во пакет го отстапува Винсен Јансен, холандскиот напаѓач кој не се снајде најдобро во лондонскиот клуб.

Турските медиуми тврдат дека Фенербахче ќе ја прифати оваа понуда, па голема е веројатноста Елмас да се пресели во Лондон.