Кривична за директорот на МРТ, Цветковски, за заложување на имот од телевизиската куќа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Македонската радиотелевизија, Марјан Цветковски, заработи кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје за дело од 2015 година, кога исто така беше директор на јавната радиодифузна куќа.

Финансиска полиција го товари Цветковски дека во 2015 година без да побара и да добие согласност од Собранието, кое е основач и сопственик на МРТ, за да земе кредит за јавната радиодифузна куќа од домашна банка во износ од 140 милиони денари (2,27 милиони евра), го заложил вкупниот недвижен и движен имот на МРТ. Тој изнесувал 294.459.822 денари (4,78 милиони евра), односно над двапати повеќе од износот на кредитот, пренесува Мета.

Потоа 30,36 милиони денари од кредитот, односно повеќе од четвртина од неговиот износ, тој исплатил на банката што го дала кредитот за да покрие достасани обврски на МРТ кон неа, нагласува УФП. Банката имала откупено побарувања од БЕГ кон МРТ.

За случајот, кривична пријава доби и нотарката З.П, оти противзаконски ги заверила договорите за залог, без да побара на увид согласност од Собранието за давање на имотот на МРТ под залог.