Home Шоубизнис Одличен и на фудбалскиот терен: Ѓоковиќ го задева Кристиано Роналдо

Одличен и на фудбалскиот терен: Ѓоковиќ го задева Кристиано Роналдо

Освен што е најдобар во светот на тениските терени, Новак Ѓоковиќ на дело покажа дека одлично „барата“ и со фудбалската топка.

Ѓоковиќ во очекување на стартот на АТП Мастерсот 1000 во Мајами и мечот против Бернард Томиќ се релаксира играјќи мал фудбал.

Популарниот Ноле во последно време многу често заедно со својот тим е на фудбалскиот терен.

Најдобриот светски тенисер сега уште еднаш потврди дека одлично игра фудбал, Ноле постигна гол со глава како вистински центарфор и тоа во игра на мали голови.

Ѓоковиќ својата „мајсторија“ ја постави на социјалните мрежи, каде го означи и Кристиано Роналдо, за и тој да го види овој негов потег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…