Home Спорт Шок во светскиот спорт: Се самоуби Кели Катлин – светската шампионка во велосипедизам

Шок во светскиот спорт: Се самоуби Кели Катлин – светската шампионка во велосипедизам

Во саботата, во Калифорнија, животот си го одзеде американската велосипедистка и актуелна светска шампионка во велосипедизам, 23-годишната Кели Катлин.

Катлин беше трикратна и актуелна светска првенка во велосипедизам во сала, а на Олимписките игри во Рио во 2016 година освои екипен сребрен медал. Дека станува збор за самоубиство потврдил нејзиниот брат.

Катлин беше шампионка во велосипедизам во сала во 2016, 2017 и 2018 година, а освен што била успешен спортист таа била и талентирана виолинистка. Студирала математика на престижниот американски унивезитет Стенфорд каде што и се самоубила.

Пред еден месец за порталот „Вело њуз“ напишала дека се бори со усогласување на професионалните и обврските на факултет и дека тоа сè повеќе ѝ претставува проблем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

„Годзила минус нула“ доби рејтинг R, но не поради борбите меѓу чудовиштата

Првиот филм од серијалот за Годзила со рејтинг R ја доби оваа ознака поради потресните сце…