Специјален непроценлив подарок од Ѓоковиќ за фудбалската легенда Дејан Станковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вчерашното финале на Австрапија Опен, светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ речиси рутински го „преслуша“ исто така еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал, победувајќи го со 6:3, 6:2 и 6:3.

Меѓу оние кои го бодреа Ѓоковиќ од трибините беше и бившата фудбалска легенда на Интер, Дејан Станковиќ .

Популарниот деки по големата победа во Мелбурн добил скапоцен подарок од својот пријател Новак Ѓоковиќ, рекет со потпис на најдобриот тенисер на светот.

„Фантастична игра и голема победа на најголемиот шампион. Новак уште еднаш ги подигна границите на светскиот тенис, и искрено му честитам на тоа. Беше уживање да се гледа“, изјавил Станковиќ по финалето и средбата со Ноле.

Станковиќ го доби рекетот со кој Ѓоковиќ стигна до рекордната седма титула на Отвореното првенство во Австралија.