Home Вебкафе Трогателниот контраст меѓу Западот и од војни разорениот Среден Исток

Трогателниот контраст меѓу Западот и од војни разорениот Среден Исток

Уметникот Угур Галенкуш направи компилација од комбинирани фотографии кои на најподатлив начин ја прикажуваат трогателната и срцепарателна спротивност на западниот свет и оној од Средниот Исток кој е буквално разорен од постојаните војни.

Иако и двата света се наоѓаат на една иста планета, споредбено гледано, сопоставени еден до друг преку фотографиите, делуваат како да се светлосни години оддалечени во времето и просторот.

„Живеам во Турција, лоцирана веднаш до едни од најопасните и најнестабилни региони на модерниот свет“, вели Галенкуш.

Контраста на двата света е прикажана преку сцени од Западот и Средниот Исток кои го инспирирале да креира серија фотографии од кои секоја е сочинета од две различни сцени (запад и исток) соединети во една навидум хомогена сцена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…