Home Шоубизнис Сефте брак на 55 години: Се ожени славниот режисер Квентин Тарантино

Сефте брак на 55 години: Се ожени славниот режисер Квентин Тарантино

Прв пат во својот живот, на 55-годишна возраст, во брачните води заплови славниот американски режисер Квентин Тарантино, кој стапи во брак со неговата 20 години помлада девојка Даниела Пик.

После венчавката со еврејски адети и ритуали, брачната двојка направи венчален прием за пријателите и колегите. Меѓу гостите беа актерите Харви Кејтел, Тим Рот и режисерот Ели Рот.

Тарантино и Пик се запознале во 2009, кога режисерот во Израел го промовираше филмот „Inglorious Basterds” . Во меѓувреме ја прекинаа врската , за повторно да бидат заедно во 2015.

Тарантино ја побара Пик за сопруга минатото лето. Ова им е прв брак и на двајцата. Славниот режисер на прашањето зошто не се оженил досега изјави дека кога прави филм, сè се врти околу филмот и не му требаат жена или деца.

Даниела Пик ја почнала својата пејачка кариера пред дваесетина години со настапи заедно со својата сестра Шарон. Таа е ќерка на познат ирски пејач Цвајк Пик, кој бил популарен во 60-тите години во Ирска.

Во моментот Тарантино работи на филмот ,,Once Upon A Time In Hollywood”, во кој играат Бред Пит и Леонардо ДиКаприо, чие снимање заврши неколку дена пред венчавката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имотот на Доли Партон изнесува шокантни тврдења за нејзиниот внук во текот на нивната правна битка

Имотот на Доли Партон изнесува шокантни тврдења за нејзиниот внук Брајан Сивер, кој претхо…