Роберт де Ниро ги изненади келнерите од ресторан во малото гратче Халифакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот холивудски актер Роберт де Ниро им предизвика фантастично изненадување кое „ги падна на задник“ келнерите од еден ресторан во малото англиско гратче Халифакс.

Никој од вработените во ресторанот не очекуваше дека Роберт де Ниро ќе се појави во нивниот угостителски објект во малото англиско гратче Халифакс. Холивудската ѕвезда влезе тивко во италијанскиот ресторан на вечера и им приреди изненадување на вработените и на гостите кои беа присутни таму.

Сопственичката на ресторанот Оливија Ричи знаела дека актерот ќе дојде на италијанска храна , но успеала да ја зачува тајната.

„Вработените беа вон себе од изненадување. беше многу скромен , рече дека многу му се допаднала храната и кафето“, изјави Оливија.

Роберт де Ниро, освен што е еден од најголемите актери на денешнината, и самиот има угостителски објекти , поседува синџир хотели во целиот свет.