Home Наука и техонологија Бившиот Ф1 пилот Марк Вебер му направи претпремиерно сефте на новото Porsche 911

Бившиот Ф1 пилот Марк Вебер му направи претпремиерно сефте на новото Porsche 911

Претпремиерните промоции на новиот модел на Porsche 911, кога неговата промоција се брои речиси во часови, не запираат. Овој пат, автомобилскиот гигант својот нов убавец му го даде да го сефтоса на бившиот Формула 1 пилот Марк Вебер.. Друштво му правеше инженерот на новата 911-ка, Огуст Ахлајтнер.

„Со еден збор, фантастичен е“, вели поранешниот тркач на Williams и Red Bull Racing, додавајќи: „Има толку многу позитивни моменти. Како на пример тоа што проширената предна оска дава подобри перформанси во свиоците и влегувањето во свиокот станало уште попрецизно“.

„Различната големина на предните и задните тркала прават голема разлика во стабилноста при брзо менување насока. Што се однесува до дизајнот, многу ми се допаѓа – многу е јасен и е типично порше“, вели Вебер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…