Home Шоубизнис Запознајте го двојникот на Златан Ибрахимовиќ

Запознајте го двојникот на Златан Ибрахимовиќ

Нихад Џедовиќ е кошаркар на Баерн кого голем број луѓе го запираат на улица не поради неговите кошаркарски квалитети, туку затоа што е речиси идентичен двојник на славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

„Зарем ова не е Златан Ибрхаимовиќ?“, ова е прашањето кое си го поставуваат многумина кои ќе го сретнат Џедовиќ на улица.

Џедовиќ е кошаркар на Баерн, а ова лето го промени имиџот и пушти подолга коса како и Златан. Луѓето на улица го влечат и се обидуваат да разговараат со него.

„Златан е Балканец, односно има гени од просторите на поранешна Југославија. Мислам дека луѓето го гледаат него во мене. Откако пуштив подолга коса секој ден некој ме тагира на Инстаграм и Твитер“, изјави Нихад во разговор за официјалниот канал на Евролигата и откри една интересна анегдота.

„Ова лето бев во Париз три дена и секој втор човек ме запре за да се фотографира со мене мислејќи дека сум Златан. Тоа е неверојатно“, откри Џедовиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Последен ден за големите попусти на Amazon Prime

Ако го читате ова, побрзајте! Големите попусти на Amazon Prime се во полн ек, а дводневнио…