Home Спорт Перез одлучи: Го дава Бејл и 100 милиони за наследникот на Роналдо

Перез одлучи: Го дава Бејл и 100 милиони за наследникот на Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра плус Герет Бејл за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, пренесуваат шпанските медиуми.

Хари Кејн се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, има неверојатна статистика, па Флорентино Перез во него гледа идеален наследник на Кристиано Роналдо.

„Дон Балон“ пренесува дека Реал Мадрид е спремен во понудата да го вклучи Герет Бејл и додатни 100 милиони евра за да го убеди Тотенхем да ја пушти својата ѕвезда.

Бејл веќе подолго време е во пад на формата, па и самиот сака да ја промени средината, а враќање во Тотенхем за него би била идеална опција.

Од друга страна „Кралевите“ имаат проблем со реализацијата после заминувањето на Роналдо и ќе направат се за да го донесат Кејн на „Сантиаго Бернабеу“.

Англичанецот има 25 години и е на врвот на својата кариера, па би можел од следната сезона да биде прва ѕвезда на тимот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…