Home Спорт Давид Петрушев – „бисерот“ на Црвена Звезда најперспективен играч на Балканот!

Давид Петрушев – „бисерот“ на Црвена Звезда најперспективен играч на Балканот!

Црвена Звезда е еден од најголемите расадници на таленти на Балканот, а моментално еден од најдобрите во нивната младинска школа е Давид Петрушев.

На почетокот на годината објавивме текст за Давид Петрушев, момчето кое игра за генерацијата У11 во редовите на Црвена Звезда и го носи бројот 10. (ОВДЕ).

Пред две недели на меѓународниот турнир Дукакис Куп одржан во Србија, каде учествуваше и екипата на Академија Пандев во истата генерација, Давид Петрушев беше избран за Најперспективен играч роден 2008 година.

Оваа награда добива на тежина доколку се земe во предвид фактот дека на турнирот учествувааа најјаките екипи од регионот, вклучувајќи ги Црвена Звезда, Партизан, Чукарички, Марибор, Домжале, Осијек, Динамо Загреб, Академија Пандев и други екипи од регионот.

На Давид му посакуваме уште многу успеси и многу награди!

Дали после Дарко Панчев легендарниот српски клуб ќе добие нова македонска ѕвезда, ќе покаже времето, но иницијалите се исти ДП.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…