Home Спорт ВИДЕО: Лазаров покажа дека знае и француски, а водителите му се заблагодарија на македонски!

ВИДЕО: Лазаров покажа дека знае и француски, а водителите му се заблагодарија на македонски!

Македонскиот капитен Кирил Лазаров продолжува со одличните настапи во дресот на Нант, а вчера беше еден од најзаслужните за победата против Екс со резултат 25:29.

Лазаров освен со настапот на теренот ги воодушеви навивачите на овој клуб и после натпреварот со давањето изјава на француски јазик.

Водителите на прогрмата на реномираната „Беин СПОРТС“ неколку пати истакнаа воодушевување што Лазаров е нивни гостин, а покрај тоа им зборува и на нивниот јазик.

„Кога се преселив тука да бидам искрен не знев ниту збор француски, но јазикот ви е потребен да се разберете со соиграчите и тренерот. Со текот на времето учев и како што гледате веќе можам да се разберам“, изјави помеѓу другото македонската ракометна икона.

Колку беа воодушевени коментаторите покажува и нивниот потег на крајот на интервјуто кога на Лазаров му се заблагодарија и на македонски јазик.

https://www.facebook.com/lazarovkiril7/videos/373636863198106/

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…