Home Спорт СПЕКТАКЛ: Мекгрегор се враќа – договорена најспектакуларната борба во УФЦ! (видео)

СПЕКТАКЛ: Мекгрегор се враќа – договорена најспектакуларната борба во УФЦ! (видео)

После скоро две години Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ!

Конечно е договорена борба помеѓу него и Кхабиб Нурмагомедов.

Една од најисчекуваните борби ќе се одржи на 6 oктомоври во Арената во Лас Вегас.

Дека борбата е договорена објави Ден Вајт на конференцијата во Лас Вегас. Сите фанови на боречките спортови се надеваа дека Вајт ќе ја објави оваа вест во Лас Вегас, но останаа разочарани кога Кхабиб и Конор не се појавија со првиот човек на УФЦ. Вајт на почетокот зборуваше дека се работи на борбата и продолжи да зборува за другите активности, а дури на крајот порача дека мора да им покаже едно видео. Тоа предизвика вистинско воодушевување.

„Кралот се врати“, така УФЦ го најави враќањето и веројатно неговиот најтежок испит во кариерата. Очекувањата се ова да биде најпродаваната борба во УФЦ.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1797390003630275/

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Запознајте ги девојките од МЕОВВ: Кои се петте членки на кеј-поп групата што се пробива на светската сцена?

Петчлената група МЕОВВ го објави „GO HARD“, ново издание со две песни за созревањето, само…