Home Шоубизнис Роберт де Ниро тврди дека „холивудскиот манијак“ му должи еден милион долари

Роберт де Ниро тврди дека „холивудскиот манијак“ му должи еден милион долари

Холивудската актерска легенда Роберт де Ниро тврди дека славниот филмски продуцент Харви Вајнстин, чија холивудска кариера крахираше после серијата сексуални афери кои му ги извадоа во јавност и судскиот случај кој се води протв него, му должи речиси милион долари за снимањето на романтичната комедија „Silver Linings Playbook“.

Роберт де Ниро за улогата во оваа драма е номиниран за Оскар, во категоријата за најдобар актер за споредна улога.

Англиските медиуми пренесуваат дека обвиненијата на де Ниро се дел од процесот на објавувањето на банкрот на продуцентската куќа на Вајнстин.

Покрај него, и многу други славни ѕвезди јавно го обвинија Вајнстин дека им должи пари. Тарантино откри дека продуцентот му должи дури 4 милиони долари.

Кога станува збор за компанијата на Вајнстин, познато е дека е во тек продажбата на имотот, а за да се забрза процесот цената е намалена за 23 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …