Судијата Шабани: Бебето да е живо и здраво, Јанкуловска да се појави на суд за 45 дена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешното рочиште за случајот „Титаник“ кој го води СЈО, беше одложено поради отсуство на првообвинетата бивша министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Судијата Осман Шабани во судница рече „да е живо и здраво бебето на Јанкулоска“, но порача до обвинетата дека на 16 август, за кога го закажа следното рочиште, мора да се појави на судењето во кое е обвинета. Судијата Шабани додаде дека до тогаш екс-министерката ќе може да го искористи законскиот минимум од 45 дена за да биде со нејзиниот син Петар.

Според адвокатката Сања Алексиќ, Јанкулоска уште се наоѓа во болницата Ремедика каде што неодамна се породи.

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и на Јанкулоска, побараа од судот поради заштита на приватноста кога ќе се пуштат бомбите за овој случај во судница, јавноста да биде исклучена. За ова барање судот треба да донесе дополнителна одлука.

За судскиот процес „Титаник“ судијата Шабани определи дополнителни два термини за судење за 17 и 20 август.