Home Вебкафе Кој рече дека во Русија нема да има англиски судии: Аткинсон и Мос стигнаа со велосипеди

Кој рече дека во Русија нема да има англиски судии: Аткинсон и Мос стигнаа со велосипеди

Кога пред почетокот на Светското првенство во јавноста излезе информацијата дека во судските постави кои ќе ја делат правдата на терените во Русија нема да има англиски судии, многумина тоа го дочекаа со аплауз, поради сè послабата репутација на англиските фудбалски арбирти во светот.

Но, сепак, муабетот дека во Русија нема да замине ниту еден англиски судија, на крајот не испадна баш точен.

Англискиот фудбалски судија Мартин Аткинсон, сепак, отпатува во Русија, но не по службна должност. Типот од Англија до рускиот град Калининград со велосипед измина 2.800 километри, а за време на неговото патешествие собра 55.000 фунти за хуманитарни цели.

Во неговиот велосипедски подвиг му се придружи и Џон Мос, уште еден не многу омилен англиски судија. Собраните парични средства ќе бидат поделени на четири здруженија, а нивната цел беше да соберат 60.000 фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…