Александар Поповски си даде оставка од УО на МНТ: „Пројковски зема плата за работно место кое не постои“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На пресконференција која ја одржа денес, пред македонските медиуми, нашиот режисер Александар Поповски пренесе дека си поднесува оставка од местото претседател на Управниот одбор на Македонскиот народен театар (МНТ), посочувајќи дека на таков потег се одлучил поради хаосот кој владее во овој скопски театар.

Причина за оставката, како што рече, е затоа што неговата работа во тоа тело е сосема бесмислена доколку надлежните институции не се произнесуваат и не реагираат на појавите што се причина за неговото повлекување.

Рече дека со в.д. директорката Симона Угриновска заедно се обидуваат, но залудно, да направат нешто за подобро функционирање на театарот.

„Речиси една година откако е формиран овој Управен одбор сė уште нема ниту блага назнака за тоа кога би се распишал конкурс за нов директор. Ова не става во ситуација кога почнуваме да спасуваме сезона по сезона без да се воспостави јасна визија што сакаме со оваа куќа која треба да биде огледало, носител и пример на драмската уметност во земјата. Една сезона е зад нас и мислам дека е недозволиво уште една сезона да помине со недефинирана мисла и програма“ – рече Поповски.

Тој посочи дека не било можно да се назначи уметнички раководител на МНТ во текот на целата измината година поради нејасен статус на работното место на Дејан Пројковски кој по поднесената оставка на местото директор, во систематизацијата на МНТ фигурира и како режисер и како уметнички директор.

„Платата која ја прима е за позицијата уметнички директор, а според решение кое не е одобрено од Управниот одбор фигурира на местото режисер кое не постои“ – рече Поповски, додавајќи дека постои проблем во систематизацијата и вработувањата и има, како што рече, безброј нелогичности со што дополнително се парализира работата на МНТ.

Покрај тоа, нивната работа, како што рече, била отежната и од нерасчистена ситуација во однос на моменталните финансиски обврски на МНТ кон добавувачи врз основа на претходно склучени договори за јавни набавки на стоки и услуги и обврски за комуналии во периодот 2017-2018 година.

Извор: Нова Македонија