Home Шоубизнис Трифуновиќ од Хрватска распали против Ѓоковиќ – Србите збеснаа на интернет

Трифуновиќ од Хрватска распали против Ѓоковиќ – Србите збеснаа на интернет

Сергеј Трифуновиќ уште еднаш ја вжешти јавната атмосфера во српските медиуми и на социјалните мрежи. Овој пат, за разлика од претходниот, му се настрвија Србите поради тоа што се дрзна да им ја „чепка“ националната светост – тенисерскиот ас Новак Ѓоковиќ.

За време на дуелот на Ѓоковиќ со Мако Чекинато, Трифуновиќ на својот Твитер профил распали со зајадливи коментари против Ноле:

„Кому да му се извинам што го гледам Ѓоковиќ?, започна Сергеј, па продолжи: „Добро, дечко, сега веќе на сите ни одиш на нерви. Почни да го јадеш тоа месо, остави го карфиолот, алгите, па кога ќе се пензионираш, потпиши за ФК Вегетаријанац“, напиша актерот на социјалната мрежа.

Нормално, на тоа следеше лавина од контра-напади против Трифуновиќ од страна на фанатичните обожаватели на Ѓоковиќ.

„Ме заболе мене за некаква различност. Се грижам само што дечкото очигледно не ја поседува физичката сила која ја имаше. Како гледач и навивач“, заклучи Трифуновиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…