Пресврт: Астори не починал во сон и можел да биде спасен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред три месеци фудбалскиот свет го потресе трагедијата за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори кој почина во сон пред мечот со Удинезе.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ утрово ја објави експертизата за смртта на 31 годишниот фудбалер и најави нов пресврт во случајот.

Во извештајот се споменува дека станува збор за тахикардија, што е ненадејно забрзување на срцевите отчукувања што довело до фатални удари кај Астори, за кој првично се мислеше дека починал од брадиаритмија.

Оваа теза целосно го менува овој случај уште од почетокот. Во извештајот се објаснува дека смртта наводно настанала по фатално убразување на работата на срцето и трагедијата на крај едноставно била неизбежна бидејќи Астори бил сам во собата.

Можеби и имало шанси да биде спасен доколку во собата не бил сам, односно имало друго лице кое ќе можело да му пружи прва помош.