Home Живот и здравје Само со оваа намирница значително ќе го намалите ризикот од срцев удар

Само со оваа намирница значително ќе го намалите ризикот од срцев удар

Експертите од Универзитетот во Пекинг, во рамки на научно-здравствениот центар и британскиот Универзитет Оксфорд истакнуваат дека јајцата во исхраната се одлично за здравјето на луѓето.

Нивното истражување покажа дека конзумацијата на едно јајце дневно го намалува ризикот од срцев удар и болести на срцето.

Луѓето кои јадат едно јајце дневно имаат % помала веројатност за срцев удар, во однос на оние кои поретко ги конзумираат. Исто така, оние кои просечно јадат пет јајца неделно имаат 12% помала веројатност да заболат од болести на срцето.

Истражувањето е спроведено во Кина на пример од повеќе од 400.000 здрави луѓе, во возрасен интервал од 30 о 79 години, пишува Дејли Меил.

На почетокот на истражувањето, 13,1% од учесниците секојдневно јаделе јајца, додека 9,1% од учесниците воопшто не конзумирале или тоа ретко го правеле.

Експертите девет години подоцна ги споредиле податоците и откриле, меѓу учесниците е забележано 83.977 случаи на кардиоваскуларни болести и 9.985 случаи на смрт, како и 5.103 срцеви удари.

Оние кои јаделе најмалку едно јајце дневно, генерално имале помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести. Исто така, имале и 26% помал ризик од срцев удар, како и 28% помали шанси дека од него би можеле да умрат, пренесува Вечерни.

„Јајцата се познати како богат извор на протеини, витамини, минерали и добри масни киселини, но тоа не значи дека тогаш би требало значително да го зголемиме количеството на јајца во исхраната. Важна е целокупната исхрана и животниот стил, бидејќи не е реално да се очекува дека само од јајца би можеле да направиме разлика“, заклучи професорото на кардиоваскуларна медицина од Универзитетот Шефилд, Тим Чико.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СП…