Вебкафе

САД: Родители го тужеле својот син, бидејќи не сакал да се пресели

Њујорк – Родители на 30-годишно момче се одлучиле за драстични мерки и поднеле тужба за да го натераат својот син да се исели од нивната куќа во американската сојузна држава Њујорк.

Во судските документи се наведува дека Мајкл не плаќа кирија, ниту помага во домашните работи, а ја игнорирал и понудата на неговите родители финансиски да му помогнат околу осамосталувањето.

Иако му е врачено веќе петто предупредување за иселување, родителите истакнуваат дека нивниот син и натаму одбива да замине, пренесува Би-Бу-Си.

Мајкл тврди пак, дека првано гледано тој не добил доволно предупредувања за да се иссели.

Адвокатот на родителите вели дека неговите клиенти не знаеле веќе на кој начин да го убедат својот син да се пресели.

„Одлучивме дека мораш неодложно да ја напуштиш куќата“, стои во првото писмо на родителите од 2. февруари.

Мајкл го игнорирал тој налог, а родителите тогаш, му испратиле службен допис за иседлување кое го напишале со помош на адвокатот.

„Со ова сметај дека си избркан. Доколку не се отселиш до 15. февруари, ќе покренеме правна постапка“, пишува во дописот од 13. февруари кој го потпишала мајката.

Но, тука не е крајот на „маката“ на родителите на 30-годишниот Мајкл. Тие потоа му понудиле 1.100 долари остро критикувајќи го неговото однесување.

„Постојат слободни работни места дури и со оние со послабо работно искуство, како што е во овој случај – мораш да работиш“, наведуваат родителите.

Сепак, на 30. март станало јасно дека нивниот син и натаму нема намера да си замине.

Во април родителите се обратиле до судот, за да се распрашааат дали може да го избркаат синот од својата куќа. Таму им било кажано дека мораат да се обратат до Врховниот суд, со оглед на тоа дека се работи за член на семејството, што и го сториле.

Според наведувањата, Мајкл ја нарекол тужбата на неговите родители, „одмазда“ и до судот побарал да ја отфрли истата.

Рочиштето пред Врховниот суд е закажано за крајот на месецот, само неколку недели пред Мајкл да наполни 31 година.

To Top