Home Вебкафе Галичка свадба во топ 9 фестивали во Европа според New York Times

Галичка свадба во топ 9 фестивали во Европа според New York Times

Во својата листа со препораки до своите читатели, „Њујорк тајмс” им препорачува девет фестивали во Европа кои мора да се посетат во животот ако се има шанса за тоа.

Меѓу фестивалот Јасмин во Франција, Тартуфи во Италија, средновековната церемонија во Германија, фестивалот на домати – Ла Томатина во Шпанија, на листата е и Галичката свадба во Македонија.

Галичник е мало село, само двајца жители живеат во оваа планинска населба скриена на масивот Бистра. Но, за време на свадбениот фестивал кој традиционално се одржува викендот најблизок на 12 јули, на празникот на православните христијани Свети Петар, илјадници патници и сограѓани се враќаат и ги исполнуваат куќите на стрмните падини. Три дена трае свадбата, веселбата, обредите, поворките и ритуалите кои кулминираат со бракот на претходно избраната двојка по потекло од селото, пишува весникот.

На оваа листа на „Њујорк тајмс“ се и летниот фестивал во Шведска, фестивалот на рибарските бротчиња во Шкотска, фестивалот на пивото во Пилсен, Чешка и винскиот фестивал во Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…