Академијата за филмски уметности ги исфрли Полански и Козби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Академијата за филмска уметност и наука, која ја доделува престижната филмска награди Оскар, ги исклучи двете големи филмски имиња – режисерот Роман Полански и комичарот Бил Козби, пренесува ВВС.

Минатиот месец, Козби, актер, режисер, продуцент, сценарист и музичар, беше прогласен за виновен за сексуално вознемирување .

Полански ја призна својата вина за наводите за секс со малолетници . Во 1977 година, тој имал врска со едно 13-годишно девојче.

Минатата година продуцентот Харви Вајнстин, исто така, беше протеран од академијата по серија обвиненија за сексуално вознемирување и силување.

Решението за престанок на членството на Полански и Козби е донесена со гласање во вторникот, а беше најавено во четвртокот.

Во официјалното соопштение се наведува дека тие се исклучени „во согласност со правилата за организациско однесување“.

„Советот продолжува да поттикнува етичките стандарди кои бараат од членовите да ги поддржат вредностите на Академијата, изразувајќи се во почитување на човековото достоинство” – се вели во известувањето.

Роман Полански доби Оскар во 2003 година за „Пијанистот“.

За целата 91-годишна историја на Академијата, што се однесува до официјалните информации, само четири лица се исклучени.

Првиот е актерот Кармин Кариди чие членство беше укинато во 2004 година, откако испратил на пријател кадри од филмот кој уште не бил пуштен во кината, а малку потоа видеото беше објавено на интернет.