Home Спорт Ерупција во „Јане Сандански“: Вардар патува во Келн по ново злато!

Ерупција во „Јане Сандански“: Вардар патува во Келн по ново злато!

Екипата на Вардар успеа во финишот да се извлече против Кил за нов фајнл фор оваа сезона во Лигата на европските шампионати.

Иако пораз од 27:28, поради повеќе постигнати погодоци на гости, Вардар е вториот патник во Келн, каде патува да донесе второ злато во низа.

Одлична игра покажаа црвено-црните во својот Јане Сандански, иако на стартот имаше негатива од 3:0, па го отвори резултатот дури во 6. минута.

Подоцна во текот на мечот, Вардар несомнено покажа доминација, па неколку пати имаа преднос од 4 погодоци, кои сепак во финишот беа загрозени, барем на хартија.

Арпад Штербик во редовите на составот на Гонзалес запиша 16 интервенции,додека Борозан 6 погодоци со што беше најпрецизен во нашиот состав, на спротивната страна пак, Винчек и Зарабец запишаа по 6 погодоци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…